Жоао Феликс се враќа во Челси

Жоао Феликс е на чекор од Челси! Како што потврди Фабрицио Романо, Челси е блиску до конечен договор со Атлетико Мадрид, усно се договориле за се’, останатите детали се околу начинот на плаќање.

Феликс ги постигна сите лични услови со Челси, тоа го потврди и Романо. Атлетико и Челзи се во постојан контакт и поради Конор Галагер, но тоа се одвоени работи.

„До вторник, најдоцна до среда, се’ ќе биде готово со Феликс и Галагер“, откри Матео Морето.

Деталите не се познати, но веќе се знае дека Челси ќе треба да плати околу 50 милиони евра. Од друга страна, Атлетико мораше да плати најмалку 40 за Галагер, така што бројките се приближни, иако не се работи за размена, туку за директни трансфери кои наскоро ќе се реализираат.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО