Реал Мадрид синоќа славеше победа против тимот на Алавес на домашен терен со 3:2, во рамки на седмото коло во Примера.
Но домашните фудбалери премногу му замерија на судијата на овој натпревар, Алехандро Муниз Руиз, бидејки доделил премногу жолти картони.
Лука Модриќ кој на овој натпревар влезе од клупата за резерви, во 69. минута, имаше доста некоректна замерка кон судијата, со зборовите „Да те е*** во уста!“.
Тој немаше проблем да опцуе на хрватски, бидејки судијата и не го разбира тој јазик, но очигледно тоа беше нервозен момент, кога Алавес ловеше заостанување од 3:2 против „кралевите“.