Згасна официјално трократниот европски шампион во ракомет

Норвешки Виперс Кристијансанд заминува во историјата. Клубот не собра доволно финансии за да продолжи, па претсанува да постои и прогласи банкрот.

Тимот одигра натпревар во Лигата на шампионите за време на викендот, што беше последен меч за најдобриот тим на Стариот континент во 2021, 2022 и 2023 година. Заради згаснувањето, ќе бидат избришани сите резултати на овој клуб во шампионатот и во Лигата на шампионите.

Виперс Кристијансанд беше вистински гигант, проект кој донесе големи успеси. Во Норвешка се вратија најголемите ракометни ѕвезди за да играат за клубот, меѓу нив и легендарната Катрин Лунде и Нора Мерк. Имаше и други големи имиња од женскиот ракомет, но веќе тоа е историја.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО