Македонскиот кошаркарски репрезентативец Лејсон Зеќири ги „прескокна“ претквалификациите за Светскиот куп, но сега е на располагање на селекторот. Македонската кошаркарска репрезентација сега ја очекуваат дуелите од претквалификациите за Eвробаскетот 2029.
Очекувањата на натпреварите со Азербејџан и Ирска да победиме. Ние сме фаворити, го имаме и домашниот терен на првиот дуел, но мора да бидеме и доста внимателни, затоа што мало опуштање може да ги однесе натпреварите во поинаков тек. Верувам дека, ако сите ги исполниме задачите на селекторот, можеме до првото место, изјави Зеќири.
Натпреварот на нашата репрезентација со Азербејџан се игра утре (четврток) во Скопје СРЦ „Кале“ со почеток во 19 часот (слободен влез), додека дуелот со Република Ирска го играме в недела во Даблин.
Фото: www.mkd.basketball
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: