Заврши СП за јуниорки: Франција со злато заминува од Скопје, Холандија трета

Со триумф на репрезентацијата на Франција, денеска во Скопје заврши 24-тото Светско јуниорско првенство во женска конкуренција, во рамки на кое учествуваа 32 селекции и беа одиграни 116 натпревари во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Во финалниот меч денеска Франција со 29:26 ја победи Унгарија и дојде до златниот медал, додека бронзата ја освоија младите ракометарки на Холандија, кои во малото финале ја победија Данска со 34:28.

– Одлично поставените организациско-инфраструктурни капацитети, пријателскиот прием на ракометарките, тренерите и официјалните лица, како и верните ракометни навивачи, се пример за страстна ракометна нација, но и за способност да се испорача спортско доживување од светски калибар. Другарството и спортскиот дух, се најверодостоен доказ за инклузивниот дух на спортот што нé обединува сите нас, истакна првиот човек на Светската федерација, Хасан Мустафа, потенцирајќи благодарност во свое лично и во име на ИХФ за Македонија како организатор на настанот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО