За прв пат во кариерата, Матс Хумелс ја напушта Германија

Германскиот интернационалец цел свој живот и кариера ја мина во родната земја, а сега е време за предизвик во странство.

Низ кариерата Матс Хумелс играше само за два германски клуба, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, но сега се шири видикот и тој ќе настапува за Рома од Италија.

Хумелс на зрели години реши да се испроба во странски клуб и реши тоа да биде баш Рома. Тој доаѓа на местото на Крис Смолинг, кој пред неколку дена се збогуваше со клубот.

Матс Хумелс за Рома потпиша како слободен играч, а во клубот ќе го задолжи бројот 15. Тој за репрезентацијата на Германија одигра 78 натпревари, на кои постигна и пет голови.

Пет пати ја има освојувано Бундеслигата, има 442 настапи во ова првенство. Мина 16 сезони во најсилниот ранг во Германија, играше и две финалиња во ЛШ за Дортмунд, а ги загуби и двете, првото против Баерн Минхен 2013, а второто минатата сезона од Реал Мадрид.

Матс Хумелс побарал 6,5 милиони евра за две сезони, на што Рома се согласила по заминувањето на Крис Смолинг, кој оди во Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО