Германската фудбалска репрезентација вчера беше поразена од Шпанија во четврт-финалето на Европското првенство, а испаѓањето на „панцерите“ од шампионатот го означи крајот на кариерата на легендарниот Тони Крос.
Неодамнешниот ас на Реал Мадрид и на „панцерите“ ги закачи копачките на 34 години, а во кариерата освои се што може да се освои, освен титулата европски првак со репрезентацијата.
Соиграчот на Крос од германската репрезентација Џошуа Кимих изјави дека легендарниот играч за врска е најдобриот фудбалер во историјата на оваа фудбалска земја.
– За мене тој е несомнено најдобриот играч што Германија некогаш го имала. Покрај тоа, тој е фантастична личност, пример за сите нас во соблекувалната, изјави Кимих.
Тој своевремено ја делеше соблекувалната на Баерн Минхен со Крос