Александар Вучиќ, претседателот на Србија, денеска за време на обиколката на работите на патот Шабац – Лозница на новинарите им изјави дека ќе има коренити промени во спортот во замјата.
– Ќе има многу, многу промени во фудбалската организација, многу промени на сите нивоа, како и во ракометот. Не можете да се постигне сè одеднаш, но ќе има промени и и во другите сојузи.
Во некои спортови 20 години не можеме да се опоравиме од кавгите, суетата, глупостите и борбата за некои пари што луѓето не го разбираат, за кои само група суетни и или недоволно способни луѓе сакаат да се тепаат, рече Вучиќ.
Одговарајќи на новинарското прашање дали српската фудбалска репрезентација може вечерва да одигра добар натпревар против Шпанија, без играчите кои го откажаа настапот, Вучиќ истакна дека не е премногу оптимист, но додаде оти се надева и верува во борбеноста на српските фудбалери.
– Секако ќе ја бодрам Србија. Репрезентацијата е светост. Кога ќе ми кажат дека некој отишол да игра за друга репрезентација, тие тоа го доживуваат поинаку, бидејќи било добро за неговата кариера.
Тоа никогаш не го разбрирав, како вие како граѓанин на Србија и Србин можете да одите да играте за друга репрезентација?, праша Вучиќ и додаде дека можеби е старомоден.
За мене е свето државното знаме, државниот грб. Нема тука, ми се допаѓа или не ми допаѓа Пикси. На кого му е гајле дали е таму Пикси или некој друг. Денеска е, утре не е. Задутре е некој друг. Вчера не беше, денеска е. Како тоа да е важно.
Вучиќ е присутен денеска, утре не. Па што? Но, кога ќе ве повика државата за нешто, кога ќе ве повика репрезентацијата, тогаш ваша должност е да одговорите, рече претседателот на Србија.
– Ми остануваат уште само седум испити, па ќе имам факултет за кошаркарски тренер. Верувам дека тоа ќе го направам до декември, јануари. Вечерва првпат ќе бидам на јуниорскиот тренинг на КК Лозница, главниот тренер ќе ме пушти 10-на минути да се обидам да заиграме на два коша, изјави Вучиќ.