Оливера Наковска Бикова се пласира во финалето, во дисциплината П3-спорт пиштол, 25 метри со резултат од 571 круг на Параолимписките игри (ПОИ) во Париз 2024-та. Финалето почнува во 16.30 часот.
Претходно, на првиот натпревар, Наковска Бикова го освои осмото место во дисциплината П2-воздушен пиштол, 10 метри. Во квалификациите, Оливера беше петта со 558 круга и се пласира меѓу најдобрите осум, за финалето.
Но во финалето, работите не течеа според планираното и очекуваното, и на крајот таа по 12-те истрели прва го напушти финалето освојувајќи го осмото место.
Наковска Бикова по шести пат во низа настапува на ПОИ (од Атина 2004-та), и на секои влегуваше во финале. Во Лондон 2012-та освои златен медал.
За Наковска Бикова ова е второ финале на ПОИ 2024-та, што претставува повторување на нејзиниот рекорд од Рио 2016 кога исто така се пласира во две финалиња.