Алексис Санчез пред точно 13 години потпиша и дојде да игра за еден европски клуб. Тој во 2011 година потпиша за Удинезе, а повеќе од една деценија подоцна, тој се врати во овој клуб.
Санчез за Удинезе потпиша на две години договор и ќе се обиде да му помогне на клубот да опстане во Серија А и следната сезона.
Во првиот мандат, Чилеанецот одигра 112 натпревари и постигна 21 гол. По Удинезе тој играше уште и за Барселона, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Интер и Марсеј.
Но дефинитивно тој донесе проценка дека е време да се врати во својот прв европски клуб, кој го лансираше во големите екипи.
✍️ Alexis ⚪️⚫️
⚪️⚫️ #ForzaUdinese #AlèUdin #Udinese #Sanchez pic.twitter.com/OADYUY4pG8
— Udinese Calcio (@Udinese_1896) August 10, 2024