Кошаркарите на ТФТ претрпеа нов пораз во регионалната АБА 2 лига откако во вечерва загубија од Широки со 85:72 (15:15; 22:25; 20:12 и 28:20). Ова за екипата на ТФТ е втор пораз по четири одиграни дуели.
Македонскиот претставник беше рамноправен ривал во првиот дел, а во неколку наврати и на полувремето имаше водство од 40:37. Но, сепак двата загубени периода во вториот дел од по осум разлика донесоа нов пораз за избраниците на Боро Смилковски.
Пол Кери кај домашните беше најпрецизен со 19 поени, додека кај ТФТ Стенли Дејвис Џуниор реализираше 16.
ТФТ следниот натпревар во АБА 2 лигата го игра на 23.декември во Бања Лука против Борац.
Фото: mkd.basketball
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: