Во Париз награден филмот „Се случи“ за Ратко Рудиќ

Документарниот филм на Дејан Аќимовиќ, „Се случи“, за легендарниот ватерполо играч и тренер, Ратко Рудиќ, ја освои главната награда на Парискиот филмски фестивал, што се одржуваше за време на Олимписките игри (ОИ).

Филмот ја освои престижната награда „Олимписки избор“ (Olympians Choice), на првиот филмски фестивал „Оли хаус“ (OLY House). На фестивалот што го организираше Меѓународната организација на олимпијци како дел од ОИ во Париз. беа прикажани 25 филма од целиот свет.

Во филмот за Ратко Рудиќ, во 115 минути, раскажано е „патувањето“ на најтрифејниот ватерполо стручњак на светот, од неговите почетоци како играч во Задар до неговите фантастични тренерски резултати.

Ратко Рудиќ (76) денеска е член на Управниот одбор (УО) и претседател на Стручниот совет на Хрватскиот ватерполо сојуз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО