Во најсилните европски лиги никој не промашува како Мбапе!

Килијан Мбапе одлично ја почна кариерата во Реал Мадрид. Постигна гол во победата против Аталанта (2:0) во Супер купот на УЕФА, но потоа застана и остана неактивен во следните 264 минути низ лигашките натпревари во Шпанија.

Во моментов нема играч во најдобрите пет европски лиги кој упатил повеќе шутеви кон противничките голмани од него. Сепак, Мбапе се’ уште чека првенствен гол!

Тоа го потенцира и шпанскиот „Ас“, анализирајќи што има направено Мбапе досега во Реал. Тој пристигна во клубот како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ и потпиша петгодишен, вносен договор

Според информациите, Мбапе ќе заработува 15 милиони евра по сезона. Дополнително, тој доби и 100 милиони евра бонус што ќе му биде исплатен во текот на годините од договорот, односно 20 милиони евра годишно.

Покрај сето тоа, тој ќе добива и 80 отсто од „правата за името“ од кои се очекува да заработува околу 15 милиони евра годишно. Кога се’ ќе се собере се доаѓа до бројка од 50 милиони евра годишно.

Мбапе досега упатил 17 удари кон головите на Мајорка (одигра 90 минути), Валјадолид (86 минути) и Лас Палмас (90 минути). Напаѓачот, кој постигнуваше над 40 гола по сезона во последните четири години, се’ уште не може да ја смести топката во противничката мрежа во Ла лига.

– Тоа не е затоа што не се обидува, не е поради неговиот став и не е поради неговото неучество во играта. Француската ѕвезда се обидува, се ослободува од противниците и ја бара топката.

Против Мајорка имаше четири шута, како и против Валјадолид и девет против Лас Палмас. Ниту еден не резултираше со гол, пишува „Ас“, наведувајќи дека нема играч во најсилните европски лиги кој шутирал повеќе и останал на нула во ррубриката голови. Во француското првенство за секој гол во просек му беа потребни 4,4 шута.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО