Во Ливерпул легенда, во Милан отпишан!

Златан Ибрахимовиќ потврди дека поранешната ѕвезда на Ливерпул , Белгиецот Дивок Ориги е отстранет од првиот тим и оти ќе продолжи да тренира со јуниорите!

Ибрахимовиќ, пензионираната легенда на Милан, е еден од клупските советници, и е врската меѓу играчите и управата на гигантот од Сан Сиро. Тој потврди дека белгискиот напаѓач „не е дел од плановите“ и дека „не е вклучен во клупскиот проект“ и засега ќе биде „дел од јуниорскиот тим на Милан“.

Ориги потпиша четиригодишен договор со Милан во 2022 година, откако го напушти Ливерпул како слободен играч. Поранешниот менаџер на тој тим, Јирген Клоп, пред заминувањето на Ориги изјави дека тој е „сензационален напаѓач, и кога ќе го напушти клубот, ќе го напушти како легенда“.

Ориги ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) со Ливерпул, со тоа што беше двоен стрелец во реваншот од полуфиналето, кога Ливерпул ја надомести негативата од 0:3 против Барселона и славеше со 4:0 дома во реваншот. Ориги даде гол и во финалето против Тотенхем.

На „Енфилд“ тој ги прослави и титулите англиски шампион, светски клупски шампион, освојувач на ФА купот, Лига купот и на Суперкупот на УЕФА.

Сепак, за него нема место во Милан. Тој постигна два гола на 36 натпревари за Милан, а во Нотингем Форест, каде што минатата сезона беше на заем, даде само еден гол на 22 натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО