Влаховиќ опериран

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, е опериран откако ја скина тетивата на мускулот на левата нога, објави синоќа прес-службата на клубот од Торино.

Јувентус наведе дека операцијата минала успешно.

Влаховиќ се повреди на натпреварот од Серија А против Каљари на крајот од ноември.

Според најавите, рехабилитацијата на 25-годишниот српски репрезентативец ќе трае од три до пет месеци.

Влаховиќ оваа сезона одигра 20 натпревари во дресот на Јувентус на кои постигна осум голови, а додаде и три асистенции.

ФОТО: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО