На крајот од сезоната играчот на Јувентус Душан Влаховиќ најверојатно нема да го носи „црно-белиот“ дрес. За репрезентативецот на Србија интерес има од Милан, но последните денови се појавија информации за негов трансфер во Премиер лигата.
Според британските медиуми, Ливерпул и нивниот менаџер Арне Слот имаат желба за ангажман на Влаховиќ, особено по повредата на Александер Исак. Информациите се дека Ливерпул е подготвен да ја плати откупната клаузула во висина од 20 милиони евра. Тоа е убава можност и за Јувентус да заработи бидејќи ако не биде продаден во јануари потоа станува слободен играч и може да замине без обесштетување.
Останува прашањето дали и Влаховиќ ќе се согласи да направи трансфер во зимскиот преоден рок, ако стигне добра понуда за него и за Јувентус.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: