Душан Влаховиќ ја објасни својата прослава на голот против Џенова ова коло во Серија А.
Влаховиќ ја потпомогна победата на Јувентус од 3;0, со два погодоци на незгодното гостување. По погодокот, Влаховиќ прослави на специфичен начин, а по натпреварот ја објасни прославата:
– Најважно е што победивме и сега се надеваме дека ова ќе продолжи. Луѓето зборуваат, не е проблем да го прават тоа, но јас знам едно, кога даваш голови, најдобар си на терен, а најлош кога не учествуваш во еден гол долг период. Затоа, јас зборувам на терен, а не надвор од него.
– Се случува на некои натпревари да добијам шанса за гол, или повеќе нив, но не погодувам. Свесен сум дека луѓето од мене очекуваат многу и не бегам од тоа. Давам 200% кога сум на терен, во тоа сакам да ги уверам сите навивачи на Јувентус. Не си поставувам граници, играм меч по меч и повторувам, најважно е тимот да победи, порача Влаховиќ.