Вирален хит: Тој истрела кон метата со едната рака во џеб и освои сребро

Турчинот Јусуф Дикеч стана вирален лик на Олимписките игри во Париз во изминатите 24 часа, а причина за тоа е неговиот став и аутфитот кој го носел за време на финалната програма во дисциплината – пукање со воздушен пиштол од 10 метри.

Кога стрелаат, натпреварувачите носат специјални очила кои го намалуваат одблесокот од рефлекторите. Истовремено, едното око обично им е покриено за подобро да фокусираат.

Тие носат и заштита на ушите, како слушалки, за да се заштитат од гласниот звук на пиштолот.

Но, за разлика од нив, единствената опрема што ја носеше Јусуф е маичката на која пишува „Турција“ и, секако, неговиот пиштол.

Тој истрела кон метата со едната рака во џеб и освои сребро.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО