Бразилецот Винициус Жуниор остатокот од сезонава ќе игра за Реал Мадрид, а потоа ќе ја разгледа понудата од Саудиска Арабија, пишува ЕСПН. Тој има договор со „кралскиот“ клуб на уште три години, односно до средината на 2027 година, но летово му пристигна најголемата понуда во историјата на фудбалот.
Винициус има откупна клаузула од една милијарда евра, која Ал-Ахли е подготвен да ја плати! Бразилскиот крилен напаѓач, еден од најдобрите играчи во светот, на тој начин би станал и амбасадор на Светското првенство (СП) во Саудиска Арабија, кое треба да се одржи во 2034 година.
Раководството на Реал наводно сакало да ги спречи намерите на Арапите со продолжување на договорот со Винициус, но агентот на играчот не го дозволил тоа бидејќи сакаат да размислат за заминување во Саудиска Арабија.
Во случај на негово заминување тоа би бил најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, а Бразилецот би ја имал и најголемата плата во историјата на овој спорт.
Винициус е во Реал Мадрид од 2018 година, одигра 267 натпревари, на кои постигна 83 гола и 77 пати асистираше. На 24 години тој сè уште не го достигнал максиумумот.
Тој со Реал освои две ЛШ и три шампионати на Шпанија и е редовен кандидат за „Златната топка“, која се’ уште ја нема освоено.