Винисиус се извини за потегот над Столе Димитриевски!

Валенсија и Реал Мадрид го одиграа одложениот натпревар од 12-тото коло на Ла Лига. Во турбулентен натпревар Реал во самата завршница победи со 2:1 со играч помалку.

Во 80. минута Реал остана без Винисиус, кој доби директен црвен картон, откако го удри голманот на Валенсија, Столе Димитриевски и мораше да го напушти теренот по прегледот на ВАР. Подоцна Винисиус се расправаше со сите околу него и соиграчите тешко го смируваа.

По натпреварот, Винисиус им се извини на социјалните мрежи и порача:

– Ви се извинувам и ви благодарам екипо!, напиша Винисиус.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО