Вини не оди во Саудиска Арабија

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор има баснословна понуда од Саудиска Арабија. Како што пренесува ESPN, тоа е најдобрата понуда за играч досега, но тој одлучил да остане во Реал оваа година.

Сепак, неговиот менаџерски тим ја остави отворена вратата за договор во летото 2025 година. Тој има уште три години од договорот и во Саудиска Арабија веруваат дека ќе биде подготвен за приказната за 12 месеци. Наводно, се работи за понуда од неименуван клуб од 350 милиони евра за годините што ги минува во Саудиска Арабија, со тоа што тој би станал и фудбалски амбасадор на земјата во пресрет на СП 2034 година.Со тој договор би ги соборил рекордите кои ги држеле Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар.

Винисиус се надева дека оваа година би можел да ја освои Златната топка, поради што останува меѓу шампионите на Европа и Шпанија.

На 266 натпревари за Реал постигна 83 гола со 77 асистенции, а мадриѓаните се надеваат дека ќе успеат да го убедат да го продолжи договорот и дефинитивно да ги отфрлат заинтересираните за Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО