Поранешниот славен шведски тенисер, сега стручен консултант, Матс Виландер, за време на емисијата на Еуроспорт пред почетокот на „ноќната сесија“ на САД опен изјави дека веќе нема сомнеж дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња.
Виландер во минатото беше голем критичар на Новак, честопати отворено навиваше за неговите ривали, но Новак повторно и повторно го разубедуваше.
Тоа го стори и во Париз, на Олимписките игри (ОИ), кога го освои златниот медал, единствениот трофеј што му недостигаше во кариерата, .
Поради тоа, Виландер, седумкратниот грен слем шампион и поранешен број 1, изјави оти нема дилема и дека Србинот е најдобриот што го фатил рекетот во раце, во машка и во женска конкуренција.
– Она што го прави Новак Ѓоковиќ на оваа возраст е неверојатно. Има седа коса овде-онде, но победи на Игрите во Париз и неговата самодоверба е неверојатна.
Притисокот што си го направи, да го освои олимпиското злато што му недостигаше, сега го нема. Многу е горд и во едно интервју изјави дека тоа бил најголемиот момент за него како спортист.
Дефинитивно тој е „најголемиот“, најдобриот на сите времиња, сега веќе нема сомнеж и било какви дилеми, изјави Виландер.