(ВИДЕО) Заврши сагата, скапото засилување конечно пристигна во Јувентус

Холандскиот фудбалер, Теун Копмајнерс вчера и официјално стана нов фудбалер на Јувентус, со кој потпиша четиригодишен договор. Копмајнерс подолго време се поврзуваше со „старата дама“, која конечно постигна договор со Аталанта околу обештетувањето.

Трансферот на холандскиот играч за врска ќе го чини Јувентус околу 60 милиони евра, од кои 55 милиони се за клубот од Бергамо, а преостатите пет милиони ќе завршат во касите на поранешните клубови на играчот, АЗ Алкмар и Витесе.

Копмајнерс (26) ќе заработува четири милиони евра нето по сезона, а се очекува да биде главен организатор на играта на тимот од Торино во наредните сезони.

Колку долго траеше трансферот на Холанѓанецот во Торино говори и реакцијата на Србинот, Душан Влаховиќ по доаѓање на Копмајнерс во соблекувалната на „бјанконерите“.

Српскиот напаѓач се пошегува на сметка на трансфер сагата на играчот од средниот ред, која траеше доста долго. „Конечно стигна! Три месеци секој ден читаме „Копмајнерс во Јувентус… За 48 часа е тука, за 24 часа…“. Конечно си тука!, рече Влаховиќ со шеговит тон.


Компајнерс минатата сезона блескаше во дресот на Аталанта со која го освои трофејот во Лига Европа (ЛЕ). За тимот од Бергамо тој одигра 51 натпревар во сите натпреварувања и постигна 15 гола, плус седум асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО