Без разлика дали Индијана фивер победува или губи, Кејтлин Кларк продолжува да урива рекорди. Дебитантката во ВНБА лигата повторно се надмина себеси соборувајќи го ВНБА рекордот забележувајќи 19 асистенции, во мечот во кој нејзинот тим Индијана фивер, загуби од Далас вингс со 93:101.
Кларк исто така постави нов рекорд според асистенции за дебитант, наминувајќи ги 16-те асистенции на Тина Пенишеиро од 1998 година.
Caitlin Clark is in a category of her own 👏
With 19 assists in tonight’s game, Clark has set a new record for most AST in a single game in WNBA history
Previously, Courtney Vandersloot held the record with 18 AST in a game for the Chicago Sky vs. the Indiana Fever in 2020 pic.twitter.com/dUVzusSBTp
— WNBA (@WNBA) July 18, 2024
Дополнително, Кларк го собори и клупскиот рекорд на Фивер за една сезона, со 202 асистенции на 26 натпревари. Актуелниот рекорд на ВНБА во една сезона е 316 асистенции, поставен од Алиша Томас минатата сезона.
add it to the list of broken records 🤩
congratulations to Caitlin Clark for breaking the franchise record for most assists in a single season in only 26 games 😮💨 pic.twitter.com/3rmAX8kBie
— Indiana Fever (@IndianaFever) July 18, 2024
Со последниот историскиот настап, Кларк се наметна како најсериозен кандидат за најдобар дебитант на сезоната. Таа е водечка во Лигата според бројот на асистенции по натпревар (7,8), и е клучен дел од стартната постава на Фивер.