(ВИДЕО) Влаховиќ добил смртни закани! Во истрагата вклучени и специјалци?

На српскиот напаѓач Душан Влаховиќ навивачите му се заканувале со смрт, поради што во истрагата се вклучила и полицијата.

Влаховиќ се конфронтира со навивачите на Јувентус по новото реми на неговиот тим во Серија А. Влаховиќ постигна гол, но Јувентус одигра само 2:2 против Венеција, па играчите се најдоа на „тапет“ кај навивачите.

Влаховиќ збесна поради навредите на негова сметка, па влезе во вербален конфликт со навивачите и имаше многу непријатна сцена.

Според последните информации од Италија, Специјалната единица за истраги и операции (ДИГОС) почнала истрага против навивач кој упатил смртни закани до српскиот репрезентативец по натпреварот против Венеција.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, веднаш побарале видео снимки од трибините за да го идентификуваат лицето кое ги упатило страшните закани до играчот на Јувентус.

Засега не е познато дали споменатиот инцидент се случил во моментот кога Влаховиќ се расправал со навивачите или се случил подоцна, но од Јувентус веруваат дека полицијата брзо ќе ја заврши истрагата и ќе го уапси престапникот.


Влаховиќ проговори по сцената на „Алијанц стадионот“ и се обиде да ја смири ситуацијата: „Го разбирам разочарувањето поради последните резултати. Имате целосно право да го изразите своето незадоволство.

Секогаш сум го почитувал тоа, дадов се’ за клупскиот дрес. Ви благодариме за поддршката што ја давате секој ден Сега е важно да продолжите да го поддржувате тимот, да почнеме повторно, обединети“, рече Влаховиќ.

Договорот на Душан Влаховиќ со Јувентус му истекува во летото 2026 година и се повеќе се шпекулира дека тој нема да биде продолжен. Сезонава тој за „црно-белите“ постигна 11 гола на 19 настапи во сите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО