Во жестокото дерби меѓу Атлетико и Реал (1:1) во осмото коло во Ла лига во серијата дуели меѓу играчите, вирален стана оној меѓу Коке, капитенот и легендата на Атлетико и Винициус, една од најголемите ѕвезди на Реал.
Читателите од усни ангажирани од тв куќите ДАЗН и Мовистар го реконструираа она што Винициус му го кажа на Коке, откако тој го критикуваше дека симулира оти е фаулиран.
Винициус, кој дотогаш се грчеше на теренот поради наводни големи болки откако Ле Норман стартуваше врз него, веднаш скокна на нозе по зборовите на Коке како да не е ништо и почна тирада против противникот.
„Ти немаш ништо, ништо, а јас имам две титули во Лигата на шампионите “, извика Винициус и за да го засили впечатокот му покажа два прста на Коке. Бразилецот потоа продолжи: „Да, две, а ти немаш ниту една“.
На тоа Коке иронично ракоплескаше, а Винисиус продолжи. „Ти загуби две финалиња во ЛШ, а јас ги добив двете. Ти губиш затоа што си лош, а јас победувам. Затоа играм за Реал”, рече Винисиус покажувајќи го амблемот на победник во ЛШ на дресот.
Vinicius to Koke after he tried to start on him:
“I have two Champions League, you… nothing.” 😂
— TC (@totalcristiano) September 30, 2024
Коке (32) со Атлетико освои по две титули во Ла лига и во Лига Европа и една во „кралскиот“ куп. Но, ги загуби двете финалиња во ЛШ што ги играше против Реал во 2014 и 2016 година.