(ВИДЕО) Величествен пречек на шпанската репрезентација по триумфот на ЕП

Фудбалската репрезентација на Шпанија по враќањето дома откако триумфира на Европското првенство (ЕП) во Германија со победата над Англија со 2:1 ја пречекаа стотици илјади навивачи на улиците на Мадрид, а подоцна и на главниот градски плоштад, Плаза де Сибелес.


Новите европски прваци беа примени и од шпанскиот крал Фелипе IV, а потоа со отворен автобус минаа низ градот. Навивачите почнаа да се собираат во центарот на Мадрид  вчера уште во раните попладневни часови, а прославата траеше до доцна во ноќта.


Фудбалерите на Шпанија кои ја освоија четвртата европска титула ги прими и премиерот Педро Санчез.

– Ви благодариме што ја покажавте најдобрата верзија на Шпанија. Ова беше како филмска приказна, рече Санчез.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО