(ВИДЕО) Варди, легендата на Лестер, му даде гол на Тотенхем и ги потсети кој е потрофеен!

На последниот меч од 1. коло во англиската Премиер лига, Лестер и Тотенхем ремизираа, 1:1. Гостите поведоа во 29. минута со голот на Педро Поро, а голот за повратникот во Премиер лигата го даде 37-годишниот Џејми Варди во 57. минута од првиот удар на Лестер кон голот!

Тоа беше 465. настап за клупската „икона“, Варди во дресот на „лисиците“ и 191. гол. Моментално тој е четврти според бројот на настапи за Лестер, а трет според головите во клупската историја. Рекордери се Греам Крос со 600 настапи и Артур Чендлер со 273 гола.

Варди го предводеше Лестер до титулата во Премиер лигата во сезоната 2015/16, постигнувајќи 24 гола, плус седум асистенции. Тој остана во Лестер откако другите носители на играта го напуштија клубот во профитабилни трансфери.

Тој остана во Лестер и лани кога испадна во Чемпионшип и со 18-те голови помогна во експресното врачање во Премиер лигата.

Варди бурно го прослави голот, а пред да го напушти теренот во 79. минута направи потег кој дополнително ќе го зајакне неговиот углед кај навивачите на Лестер.

Тој се сврте кон навивачите на Тотенхем, кои претходо го исвиркуваа, им го покажа клупскиот грб и го крена едниот прст во воздух. Потоа го покажа показалецот од левата рака кон нив и со прстите од десната формираше нула како потсетување дека Тотенхем го нема тоа што го има Лестер, титула во Премиер лигата.


Но, тоа не беше се’. Неговото му не му се допадна на стоперот на Тотенхем, Кристијан Ромеро. Тој реагираше на тоа, а Варди се сврте кон него и додека го напушташе теренот, неколкупати гласно му порача да се „ебе“.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО