(ВИДЕО) УЕФА ги казни Албанците за скандирањето „Убиј го Србинот“!

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни албанскиот клуб Игнатија 10.000 евра поради извикувањето „Убиј го Србинот“ и други дискриминаторски дејствија на квалификацискиот натпревар од Лигата на шампиони (ЛШ) против Борац од Бањалука одигран на 17 јули.

Покрај тоа, Игнатија ќе мора да игра пред празен стадион на следниот натпревар на кој треба да биде домаќин во УЕФА натпреварувањата поради неспортското однесување на своите навивачи.

Но тоа е условна казна која ќе се активира само доколку приврзаниците на овој тим направат уште еден испад во следните две години.

Навивачите на Игнатија за време на натпреварот истакнаа и многубројни транспаренти на кои се споменуваат Срби, а нивното скандалозно однесување и скандирање инстантно се прошири на социјалните мрежи.

Борац Бањалука по изведувањето пенали ја совлада Егнатија (4:2) и мина натаму.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО