Црвена звезда, актуелниот шампион на Србија, го загуби првиот плеј-оф натпревар во Лигата на шампионите (1:2), на гости од норвешкиот Бодо/Глимт.
Ѕвезда се враќа дома од далечниот север на Скандинавија со резултатски негатива што ќе ја брка пред своите навивачи во Белград, во среда, на 28 август.
Бодо/Глимт заслужено славешесо головите на Один Лурас Бјертуфт во 52-та и на Исак Дибвик Мете во 60. минута. Поразот на Ѕвезда го ублажи Огњен Мимовиќ 75. минута, кој погоди на асистенција на корејскиот напаѓач Ин-Беом Хванг, најдобриот поединец на тимот на Владан Милојевиќ на натпреварот.