Лука Дончиќ забележа трипл-дабл во победата на Далас против Торонто, а Џа Морент го предводеше Мемфис до победата на теренот во Бостон, кај актуелните шампиони.
Лука Дончиќ доминираше во победата против Торонто 125:118. Забележа трипл-дабл со 30 поени (6/13 за три), 13 скока и 11 асистенции. Само еден поен помалку имаше Кајри Ирвинг, кој имаше добра шутерска вечер (9/14 од поле), додека Клеј Томпсон го заврши натпреварот со 20 поени (3/9 за три).
Кај Торонто се истакна Грејди Дик со 27 поени, австрискиот центар Јакоб Поетл го следеше со 20 поени и седум асистенции и скокови, додека дабл-дабл учинок имаше Скоти Барнс со 19 поени и 14 асистенции.
Големо изненадување направи тимот на Мемфис кој во Ти Ди Гарден го совлада Бостон Селтикс (127:121).
Гризлис до оваа победа ги предводеше Џа Морент со 32 поени (4/6 тројки) и девет скока. Одлична вечер имаше Џарен Џексон јуниор, постигна 27 поени, како и Брендон Кларк кој забележа 18 поени и осум скока.
Кај Селтикси најефикасен беше Џру Холидеј со 23 поени, Браун и Пејотн Причард постигнаа по 22 поени.