(ВИДЕО) Тепачка меѓу хрватски играчи и пијани Грци во ноќен бар во Атина

Кошаркарите на хрватската репрезентација, Ивица Зубац, Дарио Шариќ и уште неколкумина влегле во физички конфликт и се степале со пијани Грци во ноќен клуб во Атина. Наводно конфликтот го почнале пијаните Грци со провокации упатени кон репрезентативците на Хрватска, пишуваат „Спортске новости“.

Во јавноста најпрво се појавиле фотографии на кои се гледа како Зубац стои на улица, веројатно пред споменатиот клуб, очигледно со крваво колено.

На социјалните мрежи се појави и видео од инцидентот. Во објавата се наведува што се случило:

„НБА играчите Ивица Зубац и Дарио Шариќ беа вклучени во тепачка во бар во близина на Атина, Грција рано утринава (околу 5.30 часот по локално време), по натпреварот против Грција.

Дел од расправијата беше снимена на видео. Во еден момент, се чини дека Грк го давел Шариќ кој бил на земја! Обезбедувањето на крајот ја смирило ситуацијата и се чини дека полицијата не интервенирала.


По инцидентот по многубројните барања од медиумите во врска со фотографиите кои кружат на социјалните мрежи и порталите, се огласи и Хрватскиот кошаркарски сојуз (ХКС).

– По финалниот натпревар на олимпискиот квалификациски турнир во Грција и заедничката вечера, селекторот им се заблагодари на играчите за уште една добро сработена акција и ја распушти репрезентацијата бидејчи немаше заедничко враќање во Загреб, туку на различни дестинации, според потребите на играчите.

По неколкунеделни тешки подготовки и натпревари, играчите решија да имаат проштален собир пред да се вратат во своите домови или клубови.

За време на дружењето во еден од клубовите во Атина, некои од нашите играчи беа нападнати прво вербално, а потоа и физички, што секако ги натерало да се бранат. Тоа беше краткотраен инцидент што беше прекинат со интервенција на клупските стјуарди, се вели во соопштението на ХКС.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО