(ВИДЕО) Таткото и синот Леброн Џејмс станаа соиграчи во Лејкерс. Ова се случи за прв пат во НБА историјата

Леброн Џејмс јуниор, наречен Брони (19), поранешниот бек – шутер на Универзитетот Северна Калифорнија, е нов играч на Лос Анџелес лејкерс кои го избраа како 55-ти пик на НБА драфтот.

Леброн Џејмс и неговиот син со истото име станаа првиот татко и син кои во истовремено играле во најсилната лига и секако први во ист клуб.

Брони минатата година беше прогласен за „сеамерикански Мекдоналдс“ како матурант во Сиера Кајон. Потоа, по една сезона играње за Северна Калифорнија тој беше избран од еден од најголемите НБА клубови во кој главен лик е неговиот татко, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.

Брони е роден во 2004 година, кога неговиот татко, на 19-години, беше дебитант на годината играјќи за Кливленд кавалитс. По 19 и пол години двајцата се во Лејкерс како прв татко и син заедно во НБА лигата и во ист клуб.

Експертите го сметаат Брони со голем потенцијал (но има и такви што не мислат така), кој игра добро и во напад и во одбрана. Ја фалат неговата кошаркарска интелигенција и несебичност. Го споредуваат со Лонзо Бол и Џру Холидеј.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО