Македонскиот шампион Струга Трим Лум стекна предност од еден гол пред реваншот со Пјуник во второто коло од квалификациите за пласман во Конференциската лига.
Струга попладнево го победи Пјуник со 2:1 (1:1). Победата на Стружани им ја обезбеди Спировски со евро-гол во 73.минута.
Првиот дел од овој натпревар заврши 1.1. Од пенал поведе Струга во осмата минута со голот на Ибраими, а 15 минути подцна исто така од пенал изедначи Вилела.
Пјуник по еден час игра остана со фудбалер помалку кога директен црвен картон доби Вакуленко.
Реваншот во Ерменија ќе се одигра за шест дена.