(Видео) Салах и Дијаз држеа час по фудбал на „Олд Трафорд“ – Ливерпул го декласира Јунајтед

Ливерпул го декласира Манчестер јунајтед со 3:0 на „Олд Трафорд“, во третото коло, во Премиер лигата. Салах забележа гол и две асистенции, два гола постигна Луис Дијаз. Арне Слот стана првиот менаџер на Ливерпул по пауза од пет децении, кој на дебито во Манчестер славел победа на „Олд Трафорд“.

Ливерпул, во овој момент е друга димензија за Манчестер јунајтед. „Црвените“ брутално ги казнија сите грешки на противникот, а според шансите во Јунајтед можат да бида задоволни со поразот од „само“ три гола.

Играчите на Јунајтед премногу грешеа во својата третина, тука Ливерпул најмногу притискаа. Каземиро, одигра катастрофален меч, загуби две топка на 25 метри од својот гол во 35. и 42.минута, Салах два пати му асистираше на Луиз Дијас.

Во 56.минута во опасната зона топка загуби и Мејну, што му овозможи на Салах извонредната партија да ја круниса со гол.

Египќанецот има нестварна статистика на „Олд Трафорд“. На последните седум гостувања со Ливерпул има постигнато 10 гола.

По три кола Ливерпул има максимални девет бода, а Јунајтед има победа и два порази.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО