Родри, шпанскиот репрезентативец кој беше прогласен за најдобар играч на ЕП, во понеделникот вечерта во Мадрид за време на прославата на освоената титула на ЕП ја отпеа „Гибралтар е шпански“ и на тој начин во начна долгогодишниот спор.
Гибралтар е британски полуостров со 33.000 жители на југот од Шпанија, за кој Лондон и Мадрид се расправаат со децении.
„Гибралтар е шпански, Гибралтар е шпански…“, пееше 28-годишниот Родри, како што може да се види на снимката објавена на порталот на весникот „Марка“, која ја пренесуваат и други шпански медиуми.
Шпанската телевизија (РТВЕ) на својата интернет страница објави дека за време на прославата неколку играчи „во неколку наврати“ пееле за шпански Гибралтар.
Некои англиски медиуми тоа го опишуваат како „невкусно“. Во еден момент капитенот Алваро Мората го потсетува Родри дека игра во Англија, за Манчестер сити, на што Родри му одговора: „Не ми е гајле“.
Rodri vuelve a recordar Gibraltar… y Morata le recuerda que juega en Inglaterra 🤣🤣🤣#C4MPEONES pic.twitter.com/lRKjARy4tN
— MARCA (@marca) July 15, 2024
Поради ова, корисниците на социјалните мрежи оставаат главно негативни коментари на профилите на навивачите на Манчестер сити. „Ќе биде депортиран“, „Каков начин да се прекине една победничка серија“, „Ако толку му е гајле зошто е во Англија?“, „Ова не му е најдобриот ПР“, се дел од коментарите на Х (поранешен Твитер), додека другите се сигурни дека после ова ќе го напуштат клубот.
Родри, 28-годишниот играч од средниот ред, е играч на Сити од 2019 година и е под договор до 2027 година. Тој одигра повеќе од 250 натпревари за клубот и со него ја освои титулата во Лигата на шампиони (ЛШ), а четирипати триумфираше во Премиер лигата.