(ВИДЕО) Риека декласирана од тим составен за 200.000 евра! Хаос на трибините во Љубљана

По ремито дома на стадионот „Рујевица“, Риека претрпе убедлив пораз, 0:5 од Олимпија во Љубљана, во плеј-оф реванш мечот во Лигата на конференции (ЛК).

Вицешампионот на Хрватска на стадионот „Стожице“ го претрпе најтешкиот европски пораз во клупската историја. Играта на избраниците на тренерот, Радомир Ѓаловиќ беше срамно лоша и Риека заслужено беше декласирана, пишуваат хрватските медиуми.


Реваншот го одбележа и дивеењето на навивачите на Риека, кои полицијата мораше да ги избрка од гостинската трибина. Припадници на „армадата’ запалиле и искинале седишта во „Стожице“ и физички се пресметале со словенечката полиција. Средбата беше во прекин околу половина час, а потоа некако заврши.


Според обложувалниците Риека беше фаворит за пласман во следната рунда. Не е ни чудо, бидејќи според Трансфермаркт, нејзиниот тим вреди трипати повеќе од тимот на Олимпија.

Најскапиот играч на Олимпија според Трансфермаркт е стоперот Марсел Ратник, локално 20-годишно момче кое доаѓа од академијата на Олимпија и моментално вреди 1,2 милиони евра.

Само уште 24-годишниот голман, Матевж Видовшек се проценува на милион евра. Олимпија го донесе бесплатно од втората кипарска лига пред три години.

Повеќето играчи беа донесени без обештетување. Бразилскиот напаѓач Педро Лукас Швајцер  (25) дојде во Олимпија бесплатно, од португалскиот второлигаш Мафра.

Австриското крило, Раул Флоруц е меѓу најскапоплатените играчи на Олимпија. Тој не доби вистинска можност во Локомотива Загреб, па замина во Словенија во трансфер вреден 100.000 евра.

Слично патување имаше и нигерискиот играч за врска, Петер Агба кој дојде од загрепска Дубрава во трансфер вреден 100.000 евра.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО