ВИДЕО: Реал со пресврт до победа над Еспањол во „Ла Лига“

Фудбалерите на Реал триумфираа во Мадрид над Еспањол со резултат 4:1 во шестото коло од „Ла Лига“. „Кралскиот клуб“ забележа нова победа во домашното првенство, но тоа го направи по големите проблеми против тимот кој минатата сезона избори пласман во елитниот ранг на натпреварувањето.

По напорите во Лигата на шампионите, Карло Анчелоти реши да одмори некои од поважните играчи, па Винисиус беше меѓу останатите на клупата.

Можеби и не беше најдобрата можна одлука со оглед на тоа што нападот на Реал во првото полувреме не успеа да го пробие отпорот на жилавите Каталонци.

Мбапе се закани двапати, потоа се обиде и Гарсија, но немаше промена на резултатот, а на почетокот на вториот дел следеше вистински шок кога Тибо Куртоа си постигна автогол во 54 минута по ударот на Карерас.

Анчелоти веднаш го внесе Винисиус во игра, што на крајот се покажа како пресвртница. Радоста на Еспањол траеше само четири минути, бидејќи на Дани Карвахал му требаше да реагира на одбиената топка по ударот на Белингем и да го израмни резултатот.

Следуваше шоуто на Винисиус Јуниор, бразилскиот репрезентативец во 75 минута му асистираше на својот сонародник Родриго. Три минути подоцна, Винисиус се запиша во листата на стрелците по навремено додавање на Мбапе, за Французинот да го постави конечниот резултат со гол од пенал во 90 минута.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО