Оклахома ја продолжи победничката низа. Во дуелот со актуелните шампиони, Тандер славеа со 105:92. Голден стејт Вориорс доживеаја дебакл во Сан Франциско од Сакраменто Кингс (99:129).
Сакраменто го предводеа Малик Монк со 26 поени и 12 асистенции и Домантас Сабонис со 22 поени, 13 скока и седум асистенции.
Кингс изведоа вистински „блицкриг“ и веќе во првата четвртина дојдоа до предност од 15 поени (36:21), која до полувремето порасна на +24 (75:51).
Дополнително, продолжија да ги „газат“ Вориорс до максимални +39 на средината на последниот период кога беше 123:84.
Најефикасен кај Голден Стејт беше Стивен Кари со 26 поени и седум скока, Ендрју Вигинс додаде 18 поени, а Мозес Муди постигна 13 поени.
Кошаркарите на Хјустон славеа во дуелот со Лос Анџелес Лејкерс со 119:115.
Најефикасен вој победничкиот тим беше Џејлен Грин со 33 поени, шест скока и четири асистенции, додека Амен Томпсон имаше 23 поени и 16 скока.
За тимот од Лос Анџелес, Ентони Дејвис постигна 30 поени и имаше 13 скока, додека Леброн Џејмс забележа 21 поен, 13 скока и девет асистенции.
Остин Ривс натпреварот го заврши со 21 поен и 10 скока.
Оклахома предводена од Шеј Гилџис-Александер, кој постигна 33 поени, славеа во дуелот со Бостон 105:92 и го оствари 15-от последователен триумф.