Шпанија се пласираше во финалето на Европското првенство (ЕП) совладувајќи ја Франција со 2:1. Иако овој триумф им обезбеди на Шпанците пласман во големото финале на 14 јули во Берлин, селекторот Луис де ла Фуенте се соочува со сериозен проблем во пресрет на средбата со Англија или Холандија.
Капитенот, Алваро Мората беше повреден по мечот, како последица на лошата организација на турнирот. Инцидентот се случи кога навивачите упаднаа на теренот. Во обид да ги заштити играчите, еден член на обезбедувањето ненамерно го повреди Мората, а шпанскиот капитен веднаш падна, стегајќи го коленото.
Селекторот Де ла Фуенте изрази оптимизам велејќи „се’ ќе биде во ред“, но снимките ќе ја покажат сериозноста на повредата.
This can’t keep happening. It’s a disgrace, UEFA need to control it so much better. Somebody will get seriously hurt. 🤦♂️ #Euro2024 #Morata pic.twitter.com/Dp5KgEvq5h
— Ned Ozkasim (@nedoz9) July 9, 2024