(ВИДЕО) НБА лига: Судијката го исклучи Ембид, а тој тргна да се пресметува со неа!

Џоел Ембид беше исклучен од игра во втората четвртина од натпреварот меѓу Филаделфија сиксерс и Сан Антонио спарс, 111:106. Потоа уследија сцени кои нашироко беа споделени на социјалните мрежи поради агресивноста и недоличното однесување на една од најголемите НБА ѕвезди.

Минатогодишниот МВП на лигата и најдобар стрелец двапати, збесна по одлуката на судијата Џена Шредер до таа мера што почна да и вика и премногу да и се доближува. Ескалацијата на неговиот гнев го спречија соиграчот, Кајл Лоури, тренерот Ник Нурс и неговите помошници.


Некои на социјалните мрежи го оправдуваат бесот на Ембид поради, како што велат, исклучувањето по двете технички грешки, кои „не морале“ да се досудат, а некои истакнуваат дека судијката немала ден и дека ја уништила играта откако прво го исклучила Андре Драмонд, а потоа и Ембид.


Повеќето жалат што ја пропуштија директната пресметка меѓу Ембид и Виктор Вембањама, слична на онаа во јануари. Тогаш Ембид постигна рекордни 70 поени, плус 18 скока за франшизата во победата на Сиксерс.

Тајрис Макси постигна 32 поени, имаше 10 скока и осум асистенции, а Пол Џорџ додаде 19, со девет скока за Филаделфија. Вембањама го заврши натпреварот со 26 поени, девет скока и осум блокади.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО