Денвер нагетс загуби од Кливленд кавалирс, 114:126, но главната приказна на вечерта во НБА лигата е она што го направи Никола Јокиќ (29) против најдобриот тим во лигата сезонава.
Против Кавс тој забележа два подвига. Натпреварот го заврши со 27 поени, 20 скока и 11 асистенции, 139-ти трипл-дабл во неговата кариера, со што го мина Ервин Меџик Џонсон и се искачи на третото место на вечната листа на играчи со каков ефект.
Nikola Jokić’s 139th career triple-double:
🃏 27 PTS | 20 REB | 11 AST 🃏
He’s now THIRD on the all-time TRIPLE-DOUBLES list! 💫 pic.twitter.com/9kQsP8vnhK
— NBA (@NBA) December 6, 2024
Пред него се само Оскар Робертсон (181) и сегашниот соиграч во Нагетс, Расел Вестбрук со 200 трипл-дабл ефекти. Јокиќ до 139-те трипл-дабл ефекти дојде за девет години во НБА и има шанса да го престигне и Вестбрук, чија кариера е при крај бидејќи е седум години постар од феноменалниот Србин.
Со одличниот настап против Кавс, Јокиќ стана и играчот што од 1961 година најбрзо забележал 500 поени, 200 скока и 150 асистенции во една НБА сезона. Тоа го стори за само 20 натпревари.
Nikola Jokic is the fastest player since 1961 to record 500 PTS, 200 REB, & 150 AST in a season. pic.twitter.com/52HWsniv6G
— Real Sports (@realapp_) December 6, 2024