Денвер нагетс го победи Сан Антонио спарс со 110:105, во натпреварот што го одбележа спектакуларниот дуел меѓу актуелниот МВП на финалната серија, Никола Јокиќ и чудесниот дебитант, Виктор Вембањама.
Никола Јокиќ постигна 42 поени (18/32 од поле) со 16 скока и шест асистенции. Тој со тоа испиша двојна историја на Нагетс. Ова беше негов 19-ти натпревар со над 40 поени, израмнувајќи се со Кармело Ентони на второто место на вечната листа на стрелци на Денвер. Пред нив е само Алекс Инглиш со 33 вакви натпревари.
Јокиќ со одличниот настап против Спарс го надмина Кармело во вториот критериум. Тој стана третиот најефикасен кошаркар во историјата на Денвер, со 13.978 поени. Поефикасени од него се само Ден Исел со 14.659 и Алекс Инглиш со 21.645 поени.
Ривалот на Јокиќ, Виктор Вембањама (20) пак, одигра меч каков што немало во историјата на НБА. Постигна 23 поени, со 9/29 од поле и катастрофални 2/11 за тројки, но понуди спектакуларен настап во другите категории.
Неверојатниот дебитант, довчерашниот тинејџер беше блиску до четирипл-дабл. Тој забелажа 15 скока, девет блокади и осум асистенции!
Камерунецот Џоел Ембид (30), по двомесечната пауза поради повредата на коленото на 31 јануари, се врати на мечот Филаделфија сиксерс – Оклахома Сити тандер, 109:105. постигнувајќи 24 поени, седум асистенции и шест скока.
Ембид по мечот рече дека паузата „ментално“ му била многу тешка. Во минатите два месеца, додека Ембид беше надвор од теренот, Филаделфија загуби 18 од 30-те натпревари, и е осма во Источната конференција.