(ВИДЕО) Навивачите влетаа на теренот и направија тотален хаос

Мачни сцени за гледање дојдоа од Аргентина и од фудбалски стадион. Спортиво Гузман гостуваше кај Атлетико Консепсион во 16. нисколигашко коло, а натпреварот заврши со резултат 3:0 за Спортиво.

Но домашните навивачи, поточно група хулихани, втрчаа на теренот и ги нападнаа гостинските играчи, кои придружувани од голем број полицајци некако побегнаа во тунелот што води кон соблекувалните.


Во еден момент се чинеше дека полицијата не ќе може да ги заштити фудбалерите бидејќи покрај навивачите кои втрчаа покрај полицискиот кордон кој ги опколи фудбалерите, од трибините „полетаа“ и голем број тврди предмети кон нив.

Снимката стана вирална на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО