(ВИДЕО) Навивачите на Ливерпул му скандираа на Пеп дека ќе добие отказ. Погледнете како им одговори

Манчестер сити седум натпревари без победа, а на гостувањето кај Ливерпул во 13. коло од Премиер лигата го доживеа шестиот пораз. Тимот на Арне Слот беше подобар од тимот на Пеп Гвардиола (2:0), кој падна на петтото место на табелата и заостанува 11 бода зад лидерот Ливерпул.

Катастрофалната серија на Сити ја искористија навивачите на Ливерпул за да му се потсмеваат на Гвардиола кон крајот на натпреварот. Тие на „Енфилд“ му скандираа:„Ќе добиеш отказ наутро…“.

Гвардиола со иронична насмевка на лицето и со прстите им го покажа бројот шест, покажувајќи им дека има освоено шест титули во Премиер лигата.


– Многу сум горд на моите шест титули во Премиер лигата. Не очекував од „Енфилд“ вака да ме „поздрават“, но се’ е во ред. Кога победуваш, насмеан си, изјави Гвардиола по натпреварот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО