(ВИДЕО) Навивач: „Дали доаѓаш во Реал? Нико Вилијамс: „Нема е*ана шанса, гаду“!

Нико Вилијамс (22) играше одлично на Европското првенство (ЕП), на кое беше еден од најзаслужните за триумфот на Шпанија. Од првиот натпревар против Хрватска до последниот против Англија, тој ги излудуваше противниците и ги воодушеви соиграчите и навивачите на Шпанија.

Уште за време на ЕП стана желба на великаните, а за него најмногу се заинтересирани Реал Мадрид, и, особено Барселона.

Каталонците летово сакаа да го доведат крилниот напаѓач од Атлетик Билбао, но не можеа поради тешката финансиска ситуација и ограничувањата што им ги наметна Ла лига.

Затоа, како прв кандидат за Нико се појави побогатиот Реал. Сепак, шпанските медиуми последните недели пишуваа дека тој сака да игра за Барселона.

Затоа вирално стана видеото со реакцијата на Ниќо на прашањето на еден навивач за време на подготовките на Шпанија за претстојните натпревари во Лигата на нации (ЛН). По тренингот, Вилијамс се приближи до трибините за да им даде автограми на навивачите.

Еден од нив го снимил и го прашал: Нико, доаѓаш ли во Реал следната сезона? Потпишувајќи го својот дрес, Вилијамс му одговорил: „Нема е*ана шанса, гаду“! Треба да се нагласи дека последниот збор што го кажал е на шега и со насмевка, не во лутина или оти бил навреден.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО