(ВИДЕО) Најмладиот играч во историјата на МЛС има само 14 години и 293 дена

Филаделфија униот ги победи Њу Ингланд револушн со 5:1 во американската фудбалска, МЛС лига. Тоа натпревар од Источната конференција ќе остане запаметен по ситуацијата во 85. минута.

Израелскиот напаѓач Таи Барибо од Филаделфија ја напушти играта и на негово место влезе Каван Саливан, кој со 14 години и 293 дена стана најмладиот дебитант во МЛС лигата.


Саливан го собори рекордот на Фреди Аду од април 2004 година за 13 дена. Исто така, ЕСПН наведува дека Саливан е најмладиот спортист што заиграл во НБА, НХЛ, НФЛ, ВНБА и МЛБ од 1970 година.

Фудбалскиот инсајдер, Фабрицио Романо открива дека Манчестер сити веќе го следи Саливан, офанзивниот играч за врска роден во Филаделфија, а ЕСПН открива дека тој ќе му се приклучи на англискиот клуб кога ќе наполни 18 години.

Родителите на Саливан играле фудбал, а пред четири години го запишале синот во академијата на Унион. Професионалното деби за вториот сениорски тим го имаше во март во развојната лига на МЛС.

Унион не ги потврди деталите за преселбата на Саливан во Сити, но младиот играч рече дека вмешаноста на клубот од Манчестер во договорот придонела за неговата одлука да потпише за клубот од Филаделфија. Братот на Саливан, Квин (20) е првотимец на Унион веќе четири години.

Иако дебираше многу рано, Аду никогаш не го реализираше својот потенцијал. Играше за ИМГ Брандетон, ДЦ Јунајтед, Бенфика, Монако, Белененсес, Арис, Ризеспор, Филаделфија, Баија, Јагодина КуПс, Роудис, Лас Вегас и шведски Остерлен, каде што ја заврши кариерата во 2021 година.

Тој му честиташе на Саливан за соборувањето на рекордот за најмлад играч во МЛС. „Големи честитки до Каван Саливан за неговото рекордерско деби. Тешко е да се собори тој рекорд, но тој го стори. Браво и со среќа“, напиша Аду на X.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО