Актуелниот капитен на Реал Мадрид и шпански репрезентативец, Начо Фернандез се прости од „кралскиот“ клуб и кариерата ќе ја продолжи во Саудиската, Ал Кадсија. Реал се прости од својата легенда, а меѓу другото, пушти и кратко проштално видео кое го расплака Начо.
Imposible no emocionarse. Estas lágrimas son las de un madridista. Perdemos una figura importante dentro del club, pero el madridismo siempre estará agradecido a Nacho por todos estos años de servicio al Real Madrid.
Un jugador de los que ya no quedan. pic.twitter.com/PKavBODQzU
— Alexis Rodríguez (@Alexis_RH_) July 24, 2024
– Ова е тежок ден, различен, емотивен. Ти ми даде повеќе отколку што можев да ти вратам. Ме научи да го живеам животот со одлучност. Го бранев овој грб, на и надвор од теренот секоја секунда од мојот живот. Овој клуб е сè за мене и за целото мое семејство.
Од мојата куќа до мојата втора куќа… Затоа што моето семејство е тука. Заминувам на најдобар начин, како капитен, изјави Фернандез, кого како прв капитен на Реал ќе го наследи хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ.
Токму Модриќ и Начо се најтрофејните играчи на Реал. Двајцата имаат по 26 трофеи со „кралскиот“ клуб. Но, Начо е во клубот многу подолго од Модриќ.
Начо пристигна како 11-годишник, ги мина речиси сите помлади категории, играше за вториот тим и на крајот стана капитен. Начо е во клубот 23 години, а Модриќ влегува во 13-та сезона.
Тој имаше важна улога и во шпанската репрезентација со која летово го освои Европското првенство (ЕП). Неговиот следен чекор е Саудиска Арабија, каде што ќе заработи уште малку пари пред да се пензионира.