(Видео) Морент го немаше никаде па во последната минута ја реши Минесота

На денот кога лошото време го преполови распоредот на НБА и одложи три натпревари, највозбудлив беше мечот меѓу Минесота Тимбервулвс и Мемфис Гризлис, во кој гостите победија со 127:125 благодарение на неверојатниот Џа Морант.

Натпреварот во Минеаполис беше неизвесен од почетокот до последната секунда, тимовите 25 пати се менуваа во водствот.

Џа Морант имаше скромна вечер и заврши со само 12 поени, а до последната минута погоди само три од 17 шута, но во финишот одигра спектакуларно.

Прво израмни на 125:125 на 54 секунди до крајот, а во последниот напад на Гризлис погоди од слична ситуација на 18 секунди до крајот. Ентони Едвардс имаше две прилики за три поени да им донесе победа на Вулвс, но не успеа да погоди.

Џарен Џексон Јуниор ги предводеше Гризлис со 33 поени и осум скока и Дезмонд Бејн со 21 поен. Покрај Џексон и Бејн уште петмина играчи на Мемфис постигнаа двоцифрен број на поени.

На спротивната страна Ентони Едвардс имаше подеднакво лош ден како и Морант со само 15 поени и 4/13 шут. Најдобриот меч во Минесота, по трејдот со Њујорк, го одигра Донте Дивиченцо (27 поени, 10 скока и седум асистенции).

Со оваа победа Гризлис се зацврстија на третото место на Западот со скор 25-14, додека Минесота, откако ја прекина серијата од три победи, падна на 20-18 на осмото место на Западот.

Синоќа се одиграа само четири од седумте предвидени натпревари бидејќи во Лос Анџелес беа одложени натпреварите Лејкерс-Сан Антонио и Клиперс-Шарлот поради катастрофалените пожари, а натпреварот Атланта Хокс-Хјустон Рокетс беше одложен поради мразот во Атланта.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО