(ВИДЕО Многу полемики околу контроверзниот брејкденс танц на ОИ во Париз

Австралискиот олимписки комитет побара од (change.org) да ја отстрани онлајн петицијата против брејкденсерката, Рејчел Ган, која ја претставуваше земјата на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Ган (36) за нејзиниот импровизиран „кенгурски танц“ освои нула поени на натпреварите во брејкденс, кои за прв пат се одржаа на ОИ. Танцот наиде на многу критики на интернет, вклучително и контроверзната петиција со 40.000 потписници кои тврдат дека Ган „манипулирала“ со нејзините квалификации за ОИ.

@watchmojo The breakdancing game was never the same 😎 #raygun #olympics #paris2024 ♬ original sound – watchmojo


Директорот на австралискиот олимписки комитет, Мет Керол, рече дека петицијата содржи бројни невистини кои имаат за цел да поттикнат омраза кон спортистката која била избрана од австралискиот олимписки тим преку транспарентен и независен процес.

– Срамно е лагите на анонимно лице да се објавуваат на овој начин. Тоа е малтретирање, вознемирување и клевета. Бараме веднаш да се отстрани од страницата. Ниту еден спортист кој ја претставувал својата земја на ОИ не заслужува да биде третиран на овој начин, изјави Керол.

Брејкденсот првпат беше вклучен на ОИ во Париз, но оваа дисциплина нема да се најде во Лос Анџелес 2028, веројатно ниту во Бризбејн, Австралија, 2032 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО